
За ажурирањата на софтверот на уредот
Со ажурирањата на софтверот на уредот можете да добиете нови карактеристики и збогатени функции за Вашиот уред.
Ажурирањето на софтверот може исто така да ја подобри работата на Вашиот уред.
Пред да започнете со ажурирање на софтверот на Вашиот уред е препорачливо да направите резервна копија од Вашите
лични податоци.
Предупредување:
Ако инсталирате надградба на софтвер, не можете да го користите уредот, дури ни за остварување на итни повици, се
додека инсталацијата не е завршена и уредот е рестартиран. Осигурајте се дека сте направиле резервни копии на
податоците пред да ја прифатите инсталацијата на надградбата.
По ажурирањето, упатствата во упатството за корисникот може да не одговараат.