Вметнување на мемориска картичка
Користете само компатибилни microSD картички одобрени од Nokia за користење
со овој уред. Nokia користи одобрени индустриски стандарди за мемориски
картички, но некои видови може да не се целосно компатибилни со овој уред.
Некомпатибилните картички може да ја оштетат картичката и уредот или
податоците зачувани на картичката.
Вашиот телефон поддржува microSD картички со капацитет до 32 GB.
Со уредот може да е обезбедена компатибилна мемориска картичка и може веќе
да е вметната во уредот. Ако не, сторете го следново:
1 Отворете го задниот капак.
2 Осигурете се дека областа за контакт на картичката е свртена надолу.
Притиснете ја картичката навнатре додека не слушнете клик.
8
За почеток
3 Вратете го задниот капак.